Репрезентацијата веќе трет ден се подготвува за последните два меча во групата против Австрија и Израел. Македонија има минимални шанси за пласман на 2. позиција, меѓутоа од тоа ќе зависат и резултатите на Австрија, нашиот следен противник.

Александар Трајковски верува дека додека постојат шанси, борбата ќе продолжи, а се надева на подобар пласман во групата на крајот од квалификациите.

– Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција, изјави Александар Трајковски.