Доминика Цибулкова, 30-годишната тенисерка од Словачка, се реши да стави крај на кариерата поради повредите.

„Со помешани чувства имам посебни вести кои морам да ги споделам. Неколку месеци немам одиграно турнир. Почна со повреда на Ахиловата тетива, се претвори во еден од најтешките моменти во мојот живот, одлука околу тоа што да правам со тенисот. После многу размислувања и совети, како и поддршка која ја добив од моето семејство, се решив да не се враќам на теренот како играч“, соопшти Цибулкова.

Во текот на кариерата Цибулкова играше 21 ВТА финалиња, осум пати ги освојуваше трофеите. Во 2014 беше четврта на ВТА листата, а играше и финале на Австралија Опен.