Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија објави дека потпишале нов договор со еден од најталентираните фудбалери кој доаѓа од нивната младинска школа Арбин Зејнулаи. Играчот од средниот ред потпиша договор до летото 2023 година.

Ова е посебен ден за мене, затоа што изминатите неколку години со Шкендија имавме убава соработка. Како фудбалер кој доаѓа од фудбалската школа на Шкендија секогаш го давав максимумот за овој дрес. Ова е мој втор професионален договор, а мило ми е што Шкендија верува во мене и моите способности и тоа ме мотивира уште повеќе да го сакам овој клуб и да бидам дел од нови успеси“, изјави Зејнулаи кој претходно ги освојуваше шампионските титули со У18 и У19, па со А тимот за кој има 50 натпревари (7 оваа сезона).

Инаку тој е член на албанската репрезентација до 21 година.