Вардар тргнува во нов поход. Триумфот над Мотор во СЕХА-лига е зад Едуард Кокшаров и неговите момци, следната цел е Келце.

Поучени од полскиот тим кој „заглави“ на патот кон Скопје, експедицијата на европскиот првак денеска ќе тргне кон Келце. Ракометарите ќе одржат еден тренинг, а потоа ќе се спакуваат.

Вардарци заминуваат во 17 часот со авион до Варшава, а потоа со автобус ќе стигнат до крајната цел.

Засега не е познато со каков состав ќе располага рускиот стратег, под знак прашалник е Кристијан Дисингер кој на вчерашниот меч се здоби со повреда на скочниот зглоб. Според најавите на Кокшаров против Келце во составот треба да биде и Данис Кристопанс, кој пропушти две средби, една во ЛШ и една во СЕХА.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра во сабота, победникот останува во трка за второто место во групата Б во која допрва станува интересно.