Косово беше блиску до пласман на ЕП, меѓутоа на крајот остана без него откако денеска загуби од Чешка со 2:1, иако водеа 0:1 со гол во 5о. минута на Нухиу. Се чинеше одлична ситуација за Косовците кои во последното коло ја чекаа веќе пласираната Англија.

Но, Чешка успеа да израмни, а потоа и да поведе. Стрелци на головите беа Крал и Целустка, па така Косово остана со празни раце. Барем во квалификациите.

Сега е веќе познато дека нашиот северен сосед ќе биде противник на Македонија во Лигата на Нации. Натпревар кој треба да се игра во март идната година на домашен терен, и кој ќе биде полуфинале, пред финалето кое ќе го одреди патникот на ЕП од групата „Д“ во Лигата на Нации.