Репрезентацијата на Португалија ја уништи Литванија со 6:0 на стадионот во Алгарве и уште повеќе се доближи до Европското првенство 2020. Со овие бодови Португалците се втори, но и Србија победи вечерва па има еден бод помалку. Тоа значи дека на европскиот шампион му е потребна победа против Луксембург во последното коло за да го осигура пласманот на континенталниот шампионат.

А вечерва свое шоу имаше Кристијано Роналдо. Се шпекулираше дека нема да игра поради повреда и дека Фернандо Сантос ќе му даде одмор, но асот на светскиот фудбал се најде во првиот тим и реализира хет-трик.

Тоа е неговиот 55 хет-трик во кариерата, а деветти во дресот на португалската репрезентација. Неговиот скор сега изнесува 98 интернационални голови или 11 помалку од најдобриот стрелец на сите времиња Али Даеи.