Во Плзењ почна мечот помеѓу Чешка и Косово, но пред истиот имаше немири во центарот на градот. Имало најмалку две тепачки помеѓу чешки и косовски навивачи, а полицијата морала итно да интервенира. Според информациите на „Коха Диторе“, неколку чешки навивачи нападнале косовски во едно кафуле во градот.

Според информациите се работело за ултраси на Брно и Плзењ и тие носеле српски и чешки знамиња со порака „Нема предавање“. Полицијата уапсила неколку хулигани.

Во друг инцидент дел од навивачите отишле пред хотел во кој престојувале косовски навивачи и скандирале „Косово е Србија“, меѓутоа полицијата бргу ги растерала разулавените домашни фанатици.

Да потсетиме пред мечот меѓу Косово и Чешка во Приштина беа приведени неколку навивачи кои планирале над стадионот „Фадил Вокри“ да летаат дрон со порака за поддршка на Србија.

 

View this post on Instagram

 

Brno & Plzen🇨🇿 hooligans attacked pub with Albanian before match Czech Republic – Kosovo, after minute intervention cops

A post shared by správce3 (@hooligans.cz) on

 

View this post on Instagram

 

Brno & Plzen🇨🇿 hooligans attacked pub with Albanian before match Czech Republic – Kosovo, after minute intervention cops

A post shared by správce3 (@hooligans.cz) on