Најдобриот кошаркар на турски Фенербахче, Нандо Де Коло, нема да отпатува со тимот во Русија за натпреварот од 8. коло од Евролигата, против поранешниот тим ЦСКА Москва.

Причина, грчеви во мускулите, кои му пречат уште од натпреварот против Баерн Минхен, објавија од клубот .

Де Коло ги помина четирите претходни сезони во ЦСКА Москва, пред да го потпише договорот со Фенербахче на почетокот на оваа сезона. Ова ќе биде првиот натпревар во Евролига оваа сезона на кој Де Коло нема да настапи. Тој во моментов е најдобар стрелец во Евролига со просек од 20,9 поени.