Шпанската репрезентација до 21 година води против нашата млада репрезентација со 1:0 на теренот на стадионот во Алкоркон во рамките на квалификациите за ЕП 2021. Шпанија доминира ја држи топката во своите нозе, а имаше и поопасни акции кон нашиот гол. Уште во седмата минута играчот на Хихон Ману Гарсија направи слалом и го погоди нашиот гол. Тој помина двајца играчи излезе сам пред голманот Јанков и ја затресе неговата мрежа.

Селекторот Благоја Милевски тргна храбро со 4-3-3 со Митровски, Ристовски и Чурлинов во нападот, но по првото полувреме немаме ниту еден шут во рамките на голот.

Ќе биде потребно многу подобра игра посебно при пренесување на топката во нападот, затоа што во средниот ред кај нас практично не постои. Напачите ни се отсечени и не можат да дојдат до израз.