Александар Васоски од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ, е казнет со забрана на водење на два меча на својот тим. Тренерот на Вардар значи не ќе може да го води својот тим на дуелите со Шкупи дома, и со Силекс во Кратово.

Инаку Васоски е казнет поради исклучувањето на минатонеделниот меч во Струга, кога неговиот тим загуби со 1:2, а тој на полувреме непримерно се однесувал кон судиската четворка на чело со Васко Мавров. Токму и затоа доби црвен картон. Да потсетиме дека минатата сезона Васоски беше под суспензија еден месец.