Симовски го објави списокот за Анталија

Симовски го објави списокот за Анталија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот за меѓународен пријателски турнир што ќе се одржи во период од 22 до 25 овој месец во Анталија, Турција.

Нашите двојки ќе ги одмерат силите со Италија, Турција (B), Турција (А), и Косово.

Распоред на натпревари:

22.11.2019 Македонија – Италија (17:00 часот)

23.11.2019 Турција (B) – Македонија (11:30 часот)

23.11.2019 Турција (А) – Македонија (17:00 часот)

25.11.2019 Македонија – Косово (17:00 часот)

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 18-ти во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 10 часот.