Австрија на домашен терен е уште понезгоден противник, но ниту овој факт, а уште помалку поразот во Скопје од 4-1, не ја менува целта на македонската фудбалска репрезентација.

Нашиот најдобар национален тим оди да се надигрува и да трпеливо да ја чека секоја шанса, па ако има простор да дојде до добар резултат во претпоследниот дуел од квалификациите за пласман на ЕП 2021.

„Наше е да излеземе на терен да ги искористиме шансите кои ќе ни се пружат. Додека имаме шанси ќе се бориме. Треба да бидеме компактни, да дадеме се од себе, нема што да загубиме“, вели Спировски и додава:

„Нормално е дека сакаме победа, но и бод од ова гостување ќе биде добар резултат“.

Израел е последниот противник во овие квалификации, токму Спировски кој игра за Хопел добро ја познава атмосферата.

„Би одел меч за меч, но и Израел исто како нас има иста цел да стигне до третото место. И тие ја бараат својата шанса, и ние ја бараме нашата шанса, кој е подобар ќе победи“.