Италијанскиот весник „Тутоспорт“ близок до шампионот Јувентус тврди дека хрватскиот интернационалец во дресот на „Дамата“, Марио Манџукиќ, наводно, го одбрал Манчестер Јунајтед како свој нареден клуб. Тој би требало да се пресели во премиерлигашот веќе на крајот на декември.

Иднината на Хрватот би можела да се реши со трансфер од 10 милиони евра Фабио Паратити би бил спремен да ги слушне понудите и од Тотенхем и Вест Хем, но Манџукиќ истакнал дека ако оди за Англија тоа ќе биде само во Јунајтед.

Манџукиќ оваа сезона не е во плановите на Маурицио Сари и е изоставен од составот во последните дуели.