Репрезентацијата на Македонија изгуби на гостувањето кај Шпанија со 3:0 во 4. коло од квалификациите за ЕУРО 2021. Нашите надежи го запишаа првиот пораз, а се виде дека Шпанија е преголем залак за нас. Едноставно „фуријата“ играше дисциплинирано, доминантно и убаво, па заслужено си победи и воедно ја впиша четвртата победа во групата (12 бодови).

Гарсија донесе предност во 7. минута после убавата соло акција и шутот покрај голманот Јанков, а на почетокот на второто полувреме Серафимов лошо реагира и си ја затресе својата мрежа за повисоко водство на домаќинот.

 

А ние иако почнавме офанзивно со 4-3-3, а во второто полувреме влегоа и некои нови играчи, а шутнавме во рамките на голот на противникот дури во финишот на средбата.

Шпанија добро ја стегна одбраната, ги држеше конците на сите позиции, па нашите играчи ретко добиваа шанса за шут и за акција. Во 87 минута дефанзивецот на Еспањол Адриа Педроса ги постави конечните 3:0.

Македонија остана на третата позиција со седум бодови, а исто толку има Израел на втората но со меч помалку.

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021 – Група 6

ШПАНИЈА У21 – МАКЕДОНИЈА У21        3:0 (1:0)

Стрелци: Гарсија 7’, Серафимов 47’(аг), Педроса 87’

Стадион: „Мунисипал де Санто Доминго“ во Алкоркон.
Гледачи: 1500. Судија: Мадс Кристоферсен (Данска)
Ж.картони: Оскар (Ш) – Ацковски, Руфати,Серафимов (М)

ШПАНИЈА У21: Фернандез, Редрадо, Гарсија, Клементе, Педроса, Пепелу, Оскар (46’ – Виљар дел Фрајле), Торес (81’ – Гомез), Гарсија (69’ – Белтран), Поцо (46’ – Фати), Руиз (46’ – Мартин)

МАКЕДОНИЈА У21: Јанков, Тодоровски (83’ – Јованов), Серафимов, Руфати, Антовски, Ацковски (72’ – Абаз), Здравковски (46’ – Гроздановски), Атанасов (46’ – Фазлагиќ), Митровски, Ристовски (72’ – Ѓорѓиевски), Чурлинов

Standings provided by Sofascore LiveScore