Швајцарецот Рожер Федерер се пласира во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон откако во директна борба за второто место со совлада Новак Ѓоковиќ во два сета 6:4 и 6:3. На швајцарскиот тенисер му беа доволни само 74 минути за да победи во 49. пресметка меѓу двајцата асови.

А Ѓоковиќ освен што испадна од турнирот знасна и надежта дека годината може да ја заврши на првото место на светската АТП листа. А 2019 на врвот ќе ја заврши Шпанецот Рафаел Надал.Во полуфиналето ќе патува и Доминик Тим и покрај тоа што денеска изгуби од Матео Беретини со 2:1 во сетови.

Федерер и Тим своите противници во полуфиналето ќе ги дознаат утре кога ќе се одиграат другите два меча во групата А: Циципас – Надал и Медведев – Зверев.