Дани Олмо (21), актуелниот шпански репрезентативец, барем според зборовите на тренерот Ненад Бјелица, ги игра последните мечеви во дресот на Динамо Загреб. Офанзивецот просто ја „запали“ Европа, речиси сите големи клубови сакаат да го видат во своите редови. Сепак еден е најупорен, а тоа е Манчестер Сити кој неофицијално, според тврдењата на медиумите во Италија, е подготвен да плати 40 милиони евра отштета, сума која за Олмо ја бара Динамо Загреб. Рома и Милан исто така контактирале со хрватскиот гигант, но јасно е дека ако Пеп Гвардиола навистина го посакува својот сонародник во своите редови, тогаш и ќе го добие. 

Инаку ако се оствари овој трансфер на Олмо, тогаш тие 40 милиони евра ќе бидат рекорд во историјата на Динамо Загреб, кој за разлика од останатите клубови од Балканот, покажа како се работи во фудбалот и како се заработува многу, многу пари.