Полскиот првак Келце не успеја да го победи европскиот првак Вардар на првиот меч во Скопје, кој заврши егал (28:28), но ќе даде се од себе тоа да го стори во реваншот утре, пред својата публика, во ЕХФ „мечот на неделата“.

Вардар е најголемата мотивација како за ракометарите на полскиот тим, така и за неговите фанови кои ќе ја наполнат салата „Легионов“.

„Играме за многу важни два поени во Лигата на шампионите против Вардар. Не треба да мотивираме никого, дадете го најдоброто на трибините“ – стои на Фејсбук страната на Келце како најава за утрешниот меч.