Финска е во еуфорија. Прв пат во историјата фудбалската репрезентација се пласира на едно Европско првенство. Финска е позната по белите спортови, а никогаш немала значителен успех на фудбалски план се до оваа година кога работите се свртеа за 360 степени.

Во квалификациите за ЕУРО 2016 (значи за претходното Европско првенство) финската репрезентација не запиша ниту една победа во девет натпревари (7 порази и 2 нерешени). А во август и септември 2017 година го имаа најслабиот пласман на ФИФА листата – дури 110 место!!!

Оваа година се хит. Направија чудо. Финска се квалификува на ЕП 2020. На коло пред крајот популарните „зимски бувови“ имаат скор од 6 победи и 3 нерешени во квалификациската група.

Предводник на оваа генерација на фински фудбалери е одличниот напаѓач Тему Пуки со девет погодоци досега во квалификациската група. Тренер е Марку Канерва, играчка легенда на ХЈК Хелсинки.

Јасе Туоминен, Тим Спарв, Робин Лод, Јона Тоивио, Лукаш Храдецки, Јука Раитала… тоа е костурот на оваа екипа. Играчи кои не се познати во европски рамки играат во клубови како Хакен, Монтреал, Митјиланд, Баер Леверкузен, Минесота, Норвич, БАТЕ Борисов…

Имале Финците и позвучни имиња како Јари Литманен, Сами Хипија, Ари Хјелм, Микел Форсел, Јонатан Јохансон меѓутоа не успеале да ја однесат репрезентацијата на едно големо натпреварување.

Финска нема голем ростер на фудбалери. Тоа што го имаат е добро скоцкано, силно мотивирани се и борбени. Нешто слично како Исланѓаните во претходните години. Пукаат од самодоверба и ете ги на големата сцена – на ЕУРО 2020.