Кристијано Роналдо на дуелот против Литванија покажа дека има големо срце. Кога се во прашање неговите фанови тој се обидува да ги испочитува на секој можен начин.

Вака беше и на вчерашната средба, еден негов фан истрча на теренот со дрес на Јувентус и секако со името на Роналдо. Редарите сакаа веднаш да го тргнат, но Португалецот не го дозволи тоа, прво направи селфи со него.