Златан Ибрахимовиќ го напушти ЛА Галакси, според најновите информации тој треба да се врати во Европа.
Шведскиот напаѓач и на 38 години не е подготвен да се „пензионира“, неговата желба е да се врати во Италија. На големо се зборуваше дека би можел да го облече дресот на Болоња, но целата ситуација некако стивна.
Златан Ибрахимовиќ донел одлука, сака да се врати на „Сан Сиро“ и да му помогне на Милан.
Покрај „росонерите“ претгодно беше заинтересиран и Наполи, но таму ситуацијата не е најдобра. Болоња му нуди 3,5 милиони евра по сезона. Но, најверојатно ќе победи Милан.