Приказната за тоа дека Пеп Гвардиола во јуни би се вратил на клупата на Баерн Минхен, за „Билд“ ја искоментира и легендарниот Лотар Матеус.

„Ако Баварците сакаат да градат игра со посед на топка, тогаш нема подобро решение од Пеп Гвардиола. Враќањето на Пеп ќе биде победа за Баерн Минхен, но за цела Бундеслига“ истакнал некогашниот капитен на германскиот гигант.

Иако поедини медиуми во Германија и не се така оптимистички расположени дека Пеп би се вратил на „Алијанц Арена“ во јуни. Се коментира дека засега тој не дава никаков сигнал дека сака такво нешто, а и постојано вели дека сака во целост да го испочитува договорот со Манчестер Сити.