Ракометарите на Металург попладнево го одработија единствениот тренинг пред утрешниот прв меч против Горење Велење во рамките на третото коло на ЕХФ-купот. „Металурзите“ ја пробаа „Рдеча дворана“ во која утре, 20 часот, ќе се соочат со словенечкиот вице-првак.