По година и нешто надвор од терените, Кармело Ентони се враќа во НБА-лига и тоа како член на Портланд. Последен негов тим беше Хјустон, но за кратко време беше тргнат од составот на Рокетси.

Во меѓувреме се шекулаираше дека популарниот Мело ќе заврши во ЛА Лејкерс, но на крајот потпиша за Порталнд до крајот на оваа сезона со можност истиот да се раскине во било кое време.

Блејзерс ќе биде петиот тим во неговата кариера, откако претходно настапуваше за Денвер, Њујорк, Оклахома и Хјустон. Останува прашањето како ќе се снајде во овој состав, Портланд го има врвниот тандем Лилард и МекКолум.