Рожер Федерер по 72. минути игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 на завршниот АТП турнир и му помогна на Рафаел Надал да го превземе врвот.

Ова беше 23 победа за Швајцарецот во 49 пресметки со српскиот тенисер.

„Атмосферата беше одлична исто како и противникот. Ова беше посебна вечер во која навистина уживав. Одиграв неверојатно добро и знаев дека морам бидејќи тој игра така. Беше магично, публиката е заслужна за тоа, немам доволно зборови за да се заблагодарам за поддршката“, рече Федерер.

На прашањето што направил поразлично во однос на Вимблдон тој рече:

„Што направив поинаку? Па ја добив меч-топка“

Желбата на Швајцарецот е да го заврши турнирот што пдобро.

„Среќен сум, уште сум на турнирот. Немам никаков план, но знам дека вечерва ќе уживам во градот. Ме чека битка во полуфиналето, се надевам дека ќе направам чекор понапред од минатата година. Не знам со кого ќе играм, но ќе бидам подготвен да одиграм добро и во текот на викендот“.