На Австрија и е потребен само бод со кој и дефинитивно ќе се квалификува за ЕВРО 2020. Сепак од австрискиот табор порачуваат дека нема да биде така лесно со селекцијата на Македонија. Селекторот на нашиот утрешен ривал Франко Фода, со пофални зборови ја оцени нашата селекција на денешниот прес по повод утрешниот дуел на „Ернст Хапел“ во Виена.

„Македонија одигра добри квалификации, таа репрезентација е компактна. Нам ни е потребен е добар баланс во нападот и одбраната. Ние ќе ја играме нашата игра и ќе ја ставиме Македонија под притисок уште од стартот на мечот. Секој играч знае што треба да се стори. Се имаме во свои раце, и треба да го дополниме мозаикот со последното парче. Имаме три опции за голманската позиција, сеуште не сум одлучил на кого ќе му ја дадам довербата. Добро сме подготвени, имавме одлични услови, немаме поголеми проблеми со повредени играчи. Ние утре мораме да одиграме со страст, да бидеме посветени на нашата игра, како што беше и минатиот пат“ рече покрај другото селекторот на Австрија.