Според пишувањата на австриските медиуми, селекторот на Австрија, Франко Фода, вечерва против Македонија ќе мора да стартува со дебитантско име на голот. Поради повредата на Станковиќ, вечерва на „Ернст Хапел“ домашните ќе стартуваат со 23-годишниот голман на ЛАСК, Александер Шлагер.

Највите велат дека Фода и вечерва нема да отстапи од својот стил на игра и ќе започне во препознатливата формација 4-2-3-1. Тоа значи дека во бековската линија, најверојатно, ќе тргнат Лајнер, Драговиќ, Хинтерегер и Улмер, во позиција на дефанзивни играчи за врска Баумгартлингер и Лајмер, триото офанзивни играчи за врска Лазаро, Сабитцер и Алаба, додека во форот ќе биде незаменливиот Марко Арнаутовиќ.

Дел од австриските весници направија и финансиска компарација на вредноста на двете репрезентации која изгледа вака: