Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по мечот истакна дека ова било меч со две различни полувремиња во кои нашата селекција на крајот можеше да стигне и до подобар резултат.

„Се одигра еден квалитетен натпревар. Австрија беше подоминатна во првиот дел, и примивме гол кој не смеевме да го примиме. Во второто полувреме се ослободивме од притисокот, бевме ние подобри. Австрија поведе 2:0, но ние имавме покрај голот, уште 2-3 стонастотни шанси за гол. Не само Влатко Стојановски, туку сите кои настапија покажаа дека се квалитетни и дека можеме да сметаме на нив во иднина“, рече Ангеловски.

Пандев пред мечот имал вирус, температура, и затоа Ангеловски не сакал да превзема ризик и да го уфрли во игра.

„Тоа трето место го посакуваме, но после се она што го прикажаа во квалификациите фудбалерите, мислам дека ќе биде жалосно да не бидеме трети. Треба да одиграме дома против Израел и да победиме. Се надевам дека овој кошмар ќе заврши, малку ни беа тие повредените, па се случи Трајковски на почетокот повреда, па Младеновски не може на полувреме да продолжи. Се надевам дека ќе имаме респектабилен тим затоа што се враќаат и Николов, и Несторовски и Муслиу. За Пандев препораката беше доколку настапи може да се влоши. Имаше вирус и температура, и може да има дополнителна исцрпеност, немаше причина да влезам во таков ризик и да го ставам“, вели Ангеловски по мечот.