Дарко Велковски го одигра целиот меч против Австрија, а како дефанзивец имаше многу проблеми со офанзивните играчи на домаќинот кој во првото полувреме притискаше и не натера да играме на својата половина.

Добро се покажавме со оглед на тоа дека никој не очекуваше да изненадиме. Во првото полувреме повеќе игравме на нашата половина, немавме опасни напади за разлика од второто во кое направивме некоја шанса и мислам дека многу похрабро влеговме. Иако ова беше една подмладена репрезентација одигравме солидно и имавме добри моменти. Првиот гол го примивме по наша грешка. Не очекувавме таков пас од Лајнер, а вториот гол беше малку несреќен но успеавме да издржиме и да дадеме гол“, вели Велковски.

Тоа ни е целта трето место. Секако дека ќе одиме на победа против Израел. Мое мислење е дека шансите се 50-50 затоа што пред нас е солидна и незгодна репрезентација“, додаде играчот на Ријека.