НА КРАЈОТ И СТАТИСТИКАТА СПОРЕД УЕФА:

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ! Немаше повеќе време за уште некоја шанса, завршува 2:1

⚽️ 🇲🇰 90’+3 – КОНЕЧНО ГОЛ! Барди нафрли на 6-7 метри од каде Стојановски со глава постигнува гол, и тоа е дебитантски погодок за Стојановски.

 

🇦🇹🔁 92’ – Грегорич влегува, излезе Алаба

🇦🇹🔁 89’ – Излегува Лајмер, на негово место Илсанкер

🇦🇹🔁 79’ – Тремел е на теренот, на местото на повредениот Лазаро

76’ – Стојановски нема среќа!!! Ристовски шутира од десната страна до Стојановски кој што со глава се обиде, меѓутоа Шлагер мораше да интервенира во корнер

74’ – За малку 2:1! Стојановски шутира од 16-17 метри, а топката „профуче“ крај десниот дирек. Среќа сега за Австрија

71’ – Изведен корнер од Барди и мешаница пред голот на Австрија, а Зајков на крајот со глава се обиде, но право во Шлагер кој немаше проблеми

🔁🇲🇰62’ – Трета и последна замена во Македонија. Аврамовски влегува на местото на Тошевски

51’ – Елмас изведе корнер директно во голот, но Шлагер беше присебен и одбрани

⚽️ 🇦🇹 2:0 48’ – Изведен корнер од Лазаро, Димитриевски одби до Сабитцер кој шутира, а Димитриевски одбива до Лајнер кој што спроведува во празната мрежа 🎥

48’ – Уште една супер шанса за Австрија преку Лазаро, но нова фантастична одбрана на Димитриевски

46’ – ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

🔁🇲🇰 46’ – Втора замена во Македонија. На местото на Младеновски, во игра е Зајков

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

ПОЛУВРЕМЕ ВО ВИЕНА: Австрија со водство и многу шанси, Македонија се „опушти“ пред крајот

45’ – Шанса за Македонија по десната страна акција, додавање на Ристовски и удар на Емас, меѓутоа Шлагер стигна да одбрани

43’ – Сабитцер шутира од дваесетина метри по средината, а Димитриевски одбрани

41’ – Конечно!!! Прва вистинска акција за Македонија, Барди одлично го најде Ристовски кој влезе во шеснаесетникот, се обиде од прва да го најде Стојановски, но одбраната на Австрија расчисти

34’ – Повторно Арнаутовиќ, но нема среќа. Алаба му сервираше одлична топка, со глава шутира милиметри крај голот на истрчаниот Димитриевски

23’ – Нова шанса за 🇦🇹 повторно Арнаутовиќ, и повторно од добра позиција шутира крај голот.

19’ – Димитриевски спасува!!! Хинтерегер беше во шанса откако од одбраната се „прошета“ во нападот и дојде во прилика, меѓутоа нашиот голман одбрани одлично

17’ – Одлична шанса за Арнаутовиќ. Прими топка, го мина Младеновски, но шутираше само за малку крај голот. Австрија лесно можеше до 2:0

🔁 13’ – Еве измена. Не може Трајковски да продолжи по онаа повреда од 6. минута, па мораше да се менува. На негово место влегува Стојановски

⚽️ 🇦🇹 1:0 7’ – Од десната страна една топка од Лајнер која не беше упатена кон Алаба, но тој се извлече сам пред голманот Димитриевски избегнувајќи офсајд, го мина и нашиот голман, и стрела во мрежата. Ристовски се обиде, но не спаси, и Австрија води  🎥

 

6’ – Еве проблеми за Македонија. Трајковски се жали на повреда, незгодно згазна по еден дуел со австриски одбранбен играч и се жали на повреда

1’ – Почеток на натпреварот

20:23 – Судија на вечерашниот меч ќе биде Мајкл Оливер од Англија. Еве повеќе детали за него:

„Душманот“ на Гвардиола ќе и суди на Македонија во Виена!!!

20:21 – Еве што изјави Стефан Ристовски на вчерашниот прес пред натпреварот. Да видиме дали ќе биде така…

Ристовски: Полошо од она во Скопје сигурно нема да одиграме

20:18 – Австрискиот напаѓач Марк Јанко се збогува со репрезентацијата. Toj има 70 натпревари и 28 голови во 14-годишната кариера во националниот тим. Вечерва првите луѓе на ФС на Австрија го даруваа со подароци за придонесот за австрискиот фудбал.

20:15 – Фудбалерите на двете репрезентации почнаа да се загреваат

20:01 – Поддршката нема да изостане во Виена. Погледнете низ видео како се собираат навивачите на познатиот „Ернст Хапел“ стадион:

Македонците се собраа за навивање во Виена (ВИДЕО)

19:45 – Познати се официјалните состави, Македонија во Виена стартува со двајца дебитанти Костадинов и Младеновски:

ОФИЦИЈАЛНИТЕ СОСТАВИ: Младеновски и Костадинов дебитираат за Македонија

19:05 – Поддршката за Македонија веќе стигна на „Ернст Хапел“

Навивачите подготвени: Ќе се бодри Македонија на „Ернст Хапел“

19:00 – „Спортмедиа“ ви го прикажува можниот состав на нашата селекција кој има неколку изненадувања, и би изгледал вака:

19:00 – Австрија уште вечерва може да слави пласман на ЕП, затоа се очекува вечерва стадионот „Ернст Хапел“ да биде полн и да се слави пласман на Европскиот шампионат идната година

19:00 – Добровечер од Виена. Вечерва на „Спортмедиа“ текстуално следете ги сите интересни моменти поврзани со натпреварот Австрија – Македонија, сите голови, фотографии, видеа од мечот…