Можеби натпреварот со Австрија го загубивме, но затоа, пак, добивме некои нови фудбалери кои имаа можност да настапат во Виена на „Ернст Хапел“. Така од првата минута заиграа Младеновски и Костадинов, а потоа влегоа Стојановски и Аврамовски. Особено Стојановски покажа дека на него може да се смета како на конкуренција во „густиот“ напад на селекцијата.

Сепак, Ангеловски се одлучи да настапи со еден доста поинаков тим од квалификациите. Освен во првиот дел кога имавме сериозни проблеми, во второто полувреме бевме во најмала рака рамноправни.

Стојановски даде гол, а можеше и два. Македонија ја имаше поддршката и од неколкуте стотици навивачи кои дојдоа на стадионот во Виена.