Марио Младеновски неочекувано доби шанса за деби за А репрезентацијата на Македонија на дуелот со Австрија во Виена. Играчот на Вардар играше во првото полувреме, а потоа беше заменет од Зајков. Имаше неколку дуели со искусните австриски играчи, а често се бореше со пргавиот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ.

„Натпреварот беше солиден, првото полувреме беше лошо, во вториот дел заигравме подобро. Мило ми е што деботирав токму на овој натпревар, многу публика, убава атмосфера. Искрено, презадоволен сум од настапот. Имав тешка задача, да се борам против Арнаутовиќ, еден искусен играч кој има играно и во Премиер лигата, а јас како млад фудбалер мислам дека си ја завршив својата работа како што треба“, изјави Младеновски.