Информациите од Виена говорат дека мечот сигурно ќе го започнат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Елиф Елмас, Енис Барди и Стефан Спировски. За останатите четворица ќе почекаме до вечерва или доцна попладне. Ако се знае дека најмалку шест-седум стандардни репрезентативци се во „аут“ поради повреда или суспензија, нормално е селекторот Игор Ангеловски пред вечерашниот меч со Австрија уште да го “мисли“ стартниот состав.

Нашите информации говорат дека дури попладне, на час и половина пред стартот на мечот, ќе се знае со кого Мрме ќе му се спротистави на својот колега Франко Фода.

Ако нешто се знае, тогаш тоа е дека формацијата ќе биде 3-5-2, дека веројатно ќе има дебитанти во стартниот состав, но и дека тешко дека, односно мали се шансите капитенот Горан Пандев да се најде меѓу тие единаесетмина кои ќе го започнат мечот. Тој „закачи“ вирус, синоќа тренираше на „Ернст Хапел“, но ќе видиме.