Австрија на почетокто на второто полувреме го зголеми водството на 2:0. Австријците изведоа корнер, нашиот голман кратко одби, топката на петерец ја врати еден австриски фудбалер, а таму се најде Штефан Лајнер кој ја шутна во мрежата.

Повторно лоша реакција на македонската одбрана која немоќно гледаше како топката се тркала пред нивниот гол, а никој не ја исфрли далеку напред. Австрија казнува и веќе има супер водство – резултат кој ги носи на ЕУРО 2020.