Од Наполи објавија дека ќе го казнат Елиф Елмас поради тоа што дал изјава за медиуми во период кога раководството на клубот им забрани на фудбалерите да зборуваат со новинарите. Во хаотичниот период во кој Наполи губи бодови, игра лошо, навивачите се незадоволни Елмас дали изјава за „Кориере дело Спорт“. Тој вели дека Наполи и покрај лошите резултати и негативата од 13 бодови во однос на лидерот Јувентус, се уште има шанси за титулата.

Наполи сè уште има шанси за шампионската титула, затоа што се уште е почеток на сезоната. Јувентус е во добра позиција и има најсилен состав, но тоа не значи дека не може да ја изгуби титулата. Има многу тимови во трката, како Интер, Наполи, Рома и ќе биде неизвесно до самиот крај. Не ми е товар што сум најплатен македонски фудбалер, туку фокусиран сум на работа и како да бидам подобар“, рекол Елмас.

Следниот меч на Наполи е против Милан, а Елмас кажа две реченици за тој дуел.

Ќе биде тешко против Милан, но ќе дадеме се од себе за три бода. Јас сум среќен што играм во Италија и во Наполи, кој е еден од најдобрите клубови во Серија А“, додаде македонскиот бисер.