Нашиот напаѓач Александар Трајковски предвреме го напушти теренот против Австрија поради повреда. Играчот на Мајорка незгодно згазна на тревата и не можеше да трча. Селекторот Игор Ангеловски го извади од игра и го внесе Влатко Стојановски.

Трајковски утре ќе мора на лекарски прегледи поради, како што вели самиот, големи болки во зглобот. Тој е загубен за дуелот со Израел во вторник, но ќе почекаме медицински извештај да ја видиме сериозноста и колку време ќе паузира.