Келце и Вардар денеска (18 часот) го играат реванш мечот. Првата пресметка сезонава заврши без победник 28-28, иако македонскиот тим не беше комплетен сепак имаше големи шанси да дојде до триумф на оваа средба.

И овој пат тренерот, Едуард Кокшаров нема да го има на располагање целиот ростер, како што најавивме Данис Кристопанс остана во Скопје, тука е Кристијан Дисингер, но прашање е колку ќе може да помогне.

Сето ова значи дека рускиот стратег сигурно има подготвено нова тактика, Келце беше изненаден во Скопје го поставеноста на тимот, како и од играта „седум на шест“. Што ќе видиме ново од Вардар останува да видиме.