Тренерот на Интер, Антонио Конте, според италијанските медиуми добил полициско обезбедување откако доби плик во кој имало куршум и писмо со сериозна заканувачка порака.

Куршум во плико во Италија е добро познат начин за заплашување, слични закани претходно во оваа земја добивале познати политичари.

Истрагата е отворена, на Конте за секој случај му е доверено полициско обезбедување, кое поставено пред неговата куќа и тренинг кампот на Интер.

Иако можеби станува збор за болна шала, сепак италијанските власти овој случај го сметаат како сериозен.

Да потсетиме дека Конте беше на мета навреди и закани од страна на фановите на Јувентус, неговиот некогашен тим и тоа кога дојде на клупата на Интер.