Емил Рајковиќ ја доби довербата да ја води кошаркарската репрезентација на Казахстан. Ова назначување доаѓа откако Македонецот беше назначен за тренер на годината во Казахстан, водејќи го тимот на Астана.

Со ова пропаѓа можноста да биде селектор на Македонија, иако беше во комбинација.

„Среќен сум. Ова е мој прв предизвик како селектор на една репрезентација. Сакам да се заблагодарам на ваква чест на федерацијата на Казахстан.“, рече Рајковиќ.

Рајковиќ ќе ја води оваа селекција на квалификациите за Азискиот Куп 2021 година.