Македонија на две кола до крајот беше во игра за тоа второ место, за пласман на ЕВРО 2020. Октомврскиот пораз во Варшава од Полска ни го згасна сонот, но сега имаме златна шанса да дојдеме до најдобриот пласман во историјата, а тоа е трето место во групата. Тоа е остварливо, но за тоа ни треба победа над Израел во вторник, и се разбира помош од Полска која треба дома на свој терен да слави над Словенија. Тоа не е неостварливо, посебно наш триумф над Израел, во меч кој ние ќе влеземе со посебни мотиви во вторник навечер на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Не е неостварливо и триумфот на Полска над Словенија, која вечерва се провлече дома со Летонија. Јасно е дека Полска неме којзнае какви мотиви, можеби ќе игра и со вториот состав, но тоа за Словенците може да биде уште полошо, посебно ако се знае дека тие ќе имаат уште поголема желба за докажување.

Така да останува во вторник вечер да одиграме најдобро што знаеме, да го победиме конечно тој Израел дома и да докажеме дека овие квалификации беа добри за нас.

Не сакаме да помислиме на некое црно сценарио, во кое ние би загубиле од Израел, тогаш ќе бидеме петти, што ќе биде навистина лошо како една генерална слика за се она што се случуваше во овие квалификации во Групата Г.

А потоа го чекаме март, тој историски бараж со Косово…