Влатко Стојановски го постигна единствениот гол за Македонија против Австрија. Среќен за голот, иако и самиот по мечот истакнува дека жали што не беа два, па резултатот да биде поинаков.

„Нормално секој се надева да игра во македонскиот дрес. Мислам дека тоа е едно огромно чувство на среќа за секој фудбалер. Работата на секој напаѓач е да ја користи секоја шанса, но дали ќе се случи, не зависи од мене. Среќен сум поради голот, но можев да дадам уште еден. Сега ни следува Израел. За мене, ако настапам ќе го дадам максимумот и на тој меч како што беше и на овој“, рече Стојановски.