Каков ли е ова напаѓач  Влатко Стојановски? Маестрален, фантастиче, едноставно СУПЕР ВЛАТКО. Шпицот на францускиот Ним на своето деби покажа што квалитет има во него. Добиваме екстра квалитет и зголемена конкуренција таму каде што сме веројатно најдобри, во нападот. Е тој Влатко одигра на „Ернест Хапел“ како да има 50 настапи за Македонија, а не да му беше првиот.

Три шанси, еден гол, и се добро направи фудбалски. Секој негов контакт во казнетиот простр на Австрија беше опасност по голот на Шлагер. Првиот удар беше покрај голот, вториот голманот на Австрија едвај го одбрани, а третиот беше гол.

Браво Влатко, така се игра за Македонија.

Дури сега се гледа зошто Ним даде 1.500.000 евра за младиот Стојановски.