Слично како и пред година дена, така и сега Вардар и Келце ќе имаат и трето соочување, но во ЕХФ, со оглед на тоа дека европскиот првак поднесе пријава кај делегатот на натпреварот, Пер Миртен Содал, поради навредливиот транспарент наменет за вардаровото крило Тимур Дибиров, кои полските фанови го имаа истакнато на трибините во „мечот на неделата“ во Келце.

„Дибиров е*и се“, со илустрација на среден прст имаа „развеано“ Полјаците во салата „Легионов“, сакајќи најверојатно на тој начин да му вратат на крилото за гестот со кој тој лани им возврати за навредите при гостувањето во истата сала.

На ваквиот навредлив транспарент, Вардар веднаш поднесе пријава до делегатот, по што следува и жалба до ЕХФ.

Колку за потсетување пред година дена Келце и Талант Душебаев кренаа и тоа каква врева и направија драма во Скопје, кога македонските фанови имаа истакнат транспарент „Талант Петух“, и за истиот Вардар заработија парична казна.