Селекторот на Мароко Вахид Халилхоџиќ вербално го нападна својот играч Амине Харит.

„Откако сум јас селектор, тој ништо не игра“, изјавил Халилхоџиќ за фудбалерот на Шалке.

Меѓутоа од членот на Бундеслигата не останаа „должни“, и веднаш му вратија на селекторот на Мароко.

„Нема да дозволам некој така да зборува за наш играч. Тоа е еден од најдобрите играчи на Мароко и може да направи разлика. Можеби господинот Халилхоџиќ треба да размисли како да направи подобра атмосфера во својата селекција, а не јавно да ги критикува“, рече спортскиот директор Јохен Шнајдер.