Стефанос Циципас против Доминик Тим во финалето на Мастерсот во Лондон оваа година. Вечерва Германецот со лесни 2:0 во сетови го совлада минатогодишниот шампион Александар Зверев, додека Циципас направи сензација со тоа што го исфрли од игра Рожер Федерер.

Финалето е закажано за во недела од 19 часот, а ова ќе биде седми меѓусебен дуел на АТП турнирите. Последен пат се соочија во Пекинг во октомври и победи Тим со 2:1. Инаку Тим има вкупно четири победи додека грчкиот тенисер две.