Далас во 12. меч оваа сезона стигна до седмата победа, прво име во редовите на Мавси беше Лука Дончиќ, кој воодушевува од меч во меч.

Во победата над Торонто од 110-102, Словенецот запиша дабл-дабл од 26 поени и 15 скока, а додаде уште седум асистенции. Зад него беше Летонецот, Порзингис кој запиша 20 поени и 15 скока.

Двајцата кошаркари станаа првите играчи на Далас и во НБА-лигата, кои се родени надвор од САД, а на ист меч постигнале над 20 поени и 15 скока.

ЛА Клиперс на дуелот против Атланта постигнаа 150 поени, славеа со 105=101. Пол Џроџ беше одличен во дебито на домашен терен, постигна 37 поени, Вилијамс додаде 25, додека Робинсон 21. Кај гостите Јанг имаше 20 поени.

 

Уште една неверојатна партија е зад Џејмс Харден. Со 49 поени го предводеше Хјустон до седмата победа во низа. Рокетси на гостувањето кај Минесота славеа со 125-105 и останаа на второто место на табелата во Западната конференција зад ЛА Лејкерс, кои и натаму го држат врвот.

На останатите средби Чикаго на домашен терен беше совладан од Бруклин со 111-1117, Милвоки беше подобар од Индијана на гости со 83-102, Мајами го совлада Њу Орлеанс со 109-94, додека Сан Антонио беше немоќен пред своите фанови против Портланд 116-121.