Горан Кипријановски, попознат како Кипре вчера се најде во ложата на стадионот на „Рујевица“ во Ријека, каде Хрватска играше со Словачка. Победија Хрватите со 3:1, а Кипре заедно со знаменцето на ФФМ направи победничко селфи со претседателот на Р. Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ. Радоста на пласманот на „коцкестите“ на ЕП и кај двајцата беше очигледно. Инаку Кипре е еден од нашите најпознати фанови на сите репрезентации на Македонија. Присуствува на фудбалски, ракометни, кошаркарски, одбојкарски натпревари на Македонија.

Беше планирано вчера да биде во Виена, да ја бодри Македонија на Пратер стадионот, но приватните обврски го натераа да мора да биде во Ријека. И кога веќе беше таму големиот спортски фан се најде на стадионот „Рујевица“, а до него Колинда.

Ех, бре Кипре. И ти не знаеш со кого селфи да правиш!!!