Шампионот Марк Маркез имаше уште една маестрална партија во Мото ГП шампионатот. Шпанскиот возач со стил ја заврши сезоната, со триумф на патеката во Валенсија што беше негова 12-та оваа сезона потврдувајќи ја својата доминација во кралската класа.

Маркез извозе со време од 41:21.469 минути, додека на второто место заврши најбрзиот во квалификациите Фабио Квартараро со една секунда задоцнување. Третото место му припадна на Џон Милер со задоцнување од 2,4 секунди. Четвртото и петтото место им припаднаа на Довициозо и Ринс, а ветеранот Валентино Роси беше дури осми.

Маркез го заврши шампионатот со 420 поени, втор во генералниот пласман е Довициозо, а трет Вињалес.