Натпреварот помеѓу Карталспор и Киралан Демирспор во Турција имаше неславен завршеток откако дел од гостинските играчи се степаа со домашните навивачи. Тие не можеа да ја издржат провокацијата од навивачите па им „пукна“ филмот и решија физички да се пресметаат. Двајца дури се прекачија преку ограда висока 3 метри зада отидат од другата страна и да се тепаат со групата. Друг удираше со нога преку оградата.

Полицијата дојде да интервенира но веќе имаше неколку повредени лица. Сето тоа е снимено со мобилен телефон, а снимката се појави на социјалните мрежи.