Македонскиот репрезентативец Бобан Николов поради суспензија (жолт картон) го пропушти гостувањето во Виена од квалификацискиот меч со Австрија за ЕУРО 2020, но затоа ќе биде во составот за последниот меч против Израел, во вторник во Скопје.

Николов е оптимист, дека конечно, на четвртото гостување на Израелците ќе ги победиме пред домашната публика.

„Ќе го скршиме малерот, конечно. Имавме и на првиот меч со нив таму 100-процентни шанси кои не ги искористивме. Се надевам дека сега среќата ќе биде на наша страна. Може да се очекува победа. Го бркаме третото место во групата, позиција на која Македонија никогаш во историјата не завршила едни квалификации. Навистина ми е жал. Мислевме дека можеме да дојдеме до двете места кои ќе не одведат на историско ЕП, но сега ќе се обидеме да победиме утре со Израел и потоа полни самодоверба да го чекаме март и таа втора шанса за пласман на ЕУРО. Имаме потенцијал, оваа репрезентација го покажала тоа многу пати и се надевам дека ќе го потврди тоа и во вторник“, заклучи Бобан Николов.