За разлика од синоќешниот меч со Австрија во Виена, против Израел селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на поголем играчки кадар.

Горан Пандев заздравува од вирусот и големи се шансите тој да се најде во стартниот состав, а Илија Несторовски, Висар Муслиу и Бобан Николов ја одлежаа „жолтицата“, па секако дека ќе бидат во комбинација за мечот во вторник на Арената “Тодор Проески“, но проблеми задава повредата на Александар Трајковски, кој на „Ернст Хапел“ се повреди на почетокот на средбата, место него влезе Влатко Стојановски.

Инаку попладнево нашата експедиција се врати од Виена, но нема време за одмор, имено за во 18:30 часот, селекторот закажа вечерен тренинг на Арената „Тодор Проески“.